Според менаџерите на компаниите од преработувачката индустрија во Република Македонија, индикаторот на доверба во преработувачкатаиндустрија во јули 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец , а во односна јули 2015 година е зголемен за 5.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2016, во однос на јуни 2016 година,е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2016 година е поповолна во споредба сопретходниот месец, а многу поповолна во однос на јули 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2016 година изнесува 64.9% однормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволнатастранска побарувачка со 26.2%, недоволната домашна побарувачка со 21.4%, недостигот на квалификуванаработна сила со 14.7% и неизвесното економско опкружување со 8.9%.(Државен завод за статистика)