Годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Македонија во 2016 година изнесува 398 242 денари.
Најголем годишен просек на издатоци на работодавецот по вработен во Република Македонија има во секторот Финансиски дејности и дејности за осигурување и изнесува 695 297 денари.
Во 2016 година, годишниот просек на издатоци на работодавецот по фактички одработен час во Република Македонија изнесува 229 денари.
Вкупниот годишен просек на фактички одработени часови по вработен во Република Македонија изнесува 1 740 часови.
За прв пат при обработката на податоците од истражувањето Анкета за цената на трудот спроведено во 2017 за податоци за 2016 година користен е комбиниран метод ( Управата за јавни приходи и Центарален регистар ).
(Државен завод за статистика)