Според оценката на менаџерите, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0.6 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1.7 процентни поени е зголемен во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Eкономската состојба на компаниите во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје од 2015 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е намалена во однос на претходното тримесечје.
Финансиската состојба во второто тримесечје од 2016 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2016 година, а оценката за очекуваните порачки за наредниот период и очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголемат.
Продажните цени во второто тримесечје од 2016 година се зголемени во однос на првото тримесечје од 2016 година, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2016 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 23.1%, зголемената конкуренција со 22.3% и зголемената понуда на пазарот со 20.1%.(Државен завод за статистика)