Република Северна Македонија и Руската Федерација ниту оддалеку ги немаат искористено можностите за развој на меѓусебната  економска соработка и таа се одвива циклично. Од 2011 година обемот на стоковната размена од 723 милиони САД долари, во сите подоцнежни години опаѓа за да лани ја достигне бројката од 119,4 милиони САД долари.Македонскиот извоз, на пример,  во 2014 година пораснал до над 90 милиони САД долари, за да потоа почне да опаѓа и лани ја достигна бројката од 67,2 милиони САД долари.Руската Федерација во Северна Македонија пласира енергенски и производни машини, а овдешните компании на овој голем пазар пласираат фармацевтски производи, свежо овошје и зеленчук, тутун и индустриски производи од тутун, конзервни производи, кондиторски, млачни производи…

Во јануари годинава обемот на стоковната размена на Република Македонија со Руската Федерација изнесувал 14,65 милиони САД долари, што е 93,8 отсто од вредноста на размената што во истиот месец од лани ја оствариле двете земји, кога биле реализирана трговија од 15,61 милиони САД долари.Македонските компании во овој месец пласирале стока во износ од 2,60 милиони САД долари (лани во јануари 1,84 милиони САД долари) што е раст од 41 отсто.Но, истовремено, во првиот месец од годинава македонскиот увоз од Русија изнесувал 12,04 милиони САД долари (во јануари лани увезени 13,77 милиони САД долари) што е опаѓање од 12,5 отсто.Во јануари годинава Руската Федерација била 20 трговски партнер на земјава.
Ова беше истакнато на трибината за „Македонско-руските економски односи“ што се одржа во „Руски центар“ и на која за актуелните состојби на ова поле зборуваше м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.На трибината присуствуваше и Ѓорѓи Дика, претседател на Македонско-руската стопанска комора.

-Потенцијалите се далеку повисоки од овие бројки и за нивно искористување треба упорно да се работи.Постојат шанси за соработка и во областа на туризмот, информатичко-комјутерската технологија, во другите сектори од земјоделско-прехрамбената индустрија, како и на многу други полиња.Македонско – руската стопанска комора која  идната година ќе наполни 15 години од нејзиното постоење прави се меѓусебната соработка занчително да порасне.Таа е партнер со Стопанската комора на Руската федерација и на низа регионални комори, а со финансиска поддршка на  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство обезбедува настап на македоските компании со Национални штандови на две големи саемски манифестации – „Продекспо“ и „Мир Питание“ во Москва.Од годинава таа го финансира и Трговско-изложбениот „Македонски дом“ во главниот град на Русија  во кој свои стоки имаат изложено 25 македонски компании чии производи се на дофат на руските дистрибутери.Сето тоа придонесува на рускиот пазар да се оддржи пласманот на овдешни производи, но да се појават и нови извозници, – подвлече м-р Дејан Бешлиев. – Сите овие можности треба да ги искористат и компании кои во своите бизнис планови го фокусираат големиот руски пазар.
На трибината во „Руски центар“ м-р Дејан Бешлиев одговараше и на бројните прашања поставени од присутните.(С.П.)