Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 101.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво (7.5%), Административни и помошни услужни дејности (5.8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.6%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (4.6%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.2%) и Уметност, забава и рекреација (3.6%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во октомври 2016 изнесува 33 023 денари. Во октомври 2016 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата. 
Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2016 година, во однос на октомври 2015 година, изнесува 101.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (6.5%), Административни и помошни услужни дејности (5.8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (4.5%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.2%) и Рударство и вадење на камен (3.6%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2016, изнесува 22 460 денари. Во октомври 2016 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Највисоките плати во светот
Со просечна плата  од ­ 61.511 долари годишно Луксембург е на врвот на топ десет земји каде што се земаат највисоки плати. Луксембург е најмалата држава во списокот ­ и по територија и по број на жители. Нејзината економија се базира на банкарскиот сфера и инвестициите.
На второ место на ранг листата се  САД каде што просечно годишно се заработува ­ 57.138 долари. САД се најголемата и најбогата економија во светот. Американците имаат најголем чист приход на светот, но немаат слободно време. Работната недела е од 44­ часа.
Во Швајцарија која е трета на ран листата, годишно просечно се заработува 57.082 долари. Економијата на оваа земја се базира на производството ­ фармацевтски производи, часовници, мерни инструменти и друго.
Четврта е Ирска каде што  годишниот просек на плата е  53.286 долари. Ирска е позната по квалитетот на живот и како една од најотворените економии на светот.
Петта земја е Норвешка. Таа има просечна плата од­ 51.718 долари годишно. Норвешка е богата со природни ресурси.
Зад неа е Австралија со просек од­ 51.148 долари годишно. Австралија е позната по висока минимална плата, која изнесува 17 долари на час. Тоа е највисоко ниво на минимална плата во целиот свет.
Холандија е седма. Просечната плата ­ изнесува 51.003 долари годишно. Холандија е една од најбогатите земји во светот по показател БДП по глава на жител. Тоа значи дека тука платите се високи.
Данска е на осмата позиција со просечна плата ­ од 49.589 долари годишно. Данска има силна и разновидна економија. Ова го објаснува високиот животен стандард. Како и другите скандинавски земи и тука има и повисоки даноци.
Канада е претпоследна држава во топ 10. Просечната плата ­ е 48.164 долари годишно. Канадската економија е една од најголемите во светот.
Просечната плата ­во Белгија е 48.093 долари годишно. Оваа земја има силна и разновидна економија и висока просечна плата во споредба со другите европски земји.