Во трговијата на мало во Република Македонија, во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.0%, а реално за 0.6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17.3%, а реално за 6.9%).

Намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13.6%, а реално за 11.5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7.0%, а реално за 7.1%.(Државен завод за статистика)