Во последниот месец од минатата година забележен е многу мал број на туристи од Руската Федерација кои ја посетиле земјава.Во декември во Република Северна Македонија престојувале само 285 руски туристи, што е 0,7 отсто од вкупниот број на странски туристи евидентиран во овој месец.И нивниот задржување е исклучително кусо.Тие оствариле 1096 ноќевања, или 1,5 отсто од вкупниот број ножевања напраени од туристите од странство.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристите во декември 2019 година изнесувал 61.468, а бројот на ноќевањата изнесува 119.412.

Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4.8 %.

Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.6 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.8 %.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, купниот број на туристите е зголемен за 5.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.9 %, а кај странските има зголемување за 7.1 %.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2.7 %, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5.8 %.

Од странските гости, кои лани биле вкупно на број 757.593, најмногу туристи пристигнале од соседните Србија, Бугарија, Грција, Турција, Косово и Албанија. Во летните месеци е забележан голем број на посетители од Полска и од земјите од Бенелукс.