Бруто-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.9.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (7.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.2 %) и Уметност, забава и рекреација (6.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.8%) и Информации и комуникации (5.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2017 изнесува 32 999 денари.
Во март 2017 година, 1.3 % од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Нето-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 година, во однос на март 2016 година, изнесува 101.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), Рударство и вадење на камен (7.2%) и Уметност, забава и рекреација (6.7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3 %) и Информации и комуникации (5.2%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесува 22 445 денари.
Во март 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.(Државен завод за статистика)