Премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека на почетокот на Март го потпишал планот на активности во економијата за 2016 година.
„Како што беше договорено, го потпишав планот на активности во економијата за оваа година„ – изјави шефот на кабинетот на министри на РФ. Според премиерот, „документот е направен за обезбедување на стабилен социјално-економски развој во 2016 година„.
Премиерот потсети дека претходно за документот се водеше дискусија во Владата, истиот е преработен, во него се внесени измени за прецизирање на изворите на финансии. „Одреден број на позиции поради постоечките услови ќе бидат финансирани во случај на појава на извори на приходи и според резултатите на работата во текот на првите шест месеци„ – изјави Медведев.
Содржина на планот
Планот на активности во економијата ја вклучува поддршката на посебни сектори, на граѓаните, и исто така и програмата на хипотека со поволности.
„Одредбите се групирани на два фронта: прво, тоа се оперативни мерки на контрола, нивната цел е – поддршка на оние сектори на економијата, кои, иако, трпат денес значителни тешкотии, сепак имаат значителен потенцијал„ – изјави шефот на кабинетот на министерите. Тој прецизира дека под сектори ги подразбира автомобилската и лесната индустрија, транспортот, инженерингот, земјоделска машиноградба, земјоделство и домувањето. „Генерално, решенијата се прифатени, формирани како нормативни акти„ – истакна премиерот.
Според него „одредени чекори се направени за олеснување на хипотеката, програмата за субвенции на каматната стапка е продолжена за тие, кои купуваат станови во нови згради„. Таа требаше да заврши, но решивме да ја продолжиме оваа мерка до 1 јануари 2017 година„ – изјави Медведев. Тој додаде дека обемот на средствата ќе биде зголемен, кој ќе биде направен со субвенции, решението за тоа исто така е потпишано.
„Уште една важна задача е поврзана со поддршка на луѓето за максимално олеснување на последиците на економската криза, предвидена е помош за регионалните буџети, за да се исплатат на време платите на државните службеници, пензиите, социјалната помош„– изјави рускиот премиер. Тој прецизира дека за овие цели „средствата исто така се резервирани„. „Специјални средства ќе бидат пратени за поддршката на пазарот на трудот„. – вети Медведев.
Премиерот изјави дека вториот блок на планот на активности во економијата е системски мерки. „Пред се станува збор за законските иницијативи, кои се направени за создавање на поволни услови за производство, за мал и голем бизнис, за намалувањето на трошоците во синџирот на производство и за понатамошен административен притисок врз бизнисот„ Според него „ овие мерки се пресметани на среден рок, дел од нив треба да бидат употребени во случај на структурни трансформации„.
Поддршката на вработувањето во регионите
Регионите треба да внесат измени во нивните програми за вработување, смета премиерот на Руската Федерација.
„Земајќи ги во предвид ситуациите секој регион треба да внесе измени во програмите на промоција на вработувањето на граѓаните, да предвиди во нив дополнителни мерки за поддршка на вработувањето на работниците во водечките фирми. Секако, да се обезбеди финансирање на сите активности во целосен обем. Јас би сакал да го акцентирам вниманието на дипломирани студенти на универзитетите и луѓето со ограничена работоспособност„ – рече Медведев.
Како што изјави премиерот, на 1 март беше потпишано решението за дистрибуцијата на средствата на субјектите на Руската Федерација за создавањето на обезбедување на вработување. Според планот за поддршка на економијата, од федералниот буџет на субвенции на регионите се претпоставува да се одделат 3 млрд. рубли. „Но има 7 млрд. рубли- како резерва, која може да биде користена во случај на неопходност„ – изјави Медведев.
Шефот на кабинетот изјави дека во наредната сесијата на владата ќе биде разгледен проектот за доделување на обезбедување на субвенции за 5 региони – Хабаровскиј крај, Амурскаја, Архангелскаја, Магдаганскаја области, и Чукотка. „Тоа се субвенции за реализација на регионални програми за зголемување на мобилност на работна сила. Ние и понатаму ќе реализираме вакви решенија„ – рече премиерот.
Дмитриј Медведев исто така ги предупреди лидерите на регионите за нивната лична одговорност за финансирање на програмите за вработувањето на граѓаните. „Оваа задача (поддршката на вработувањето) не е само федерална, туку е наша општа„ – изјави тој.
„Вие треба да работите според тие мерки, кои ги има на федерално ниво. Ако некој од лидерите на регионите смета дека оваа задача не е негова или ќе ја спроведува ако добие дополнителни федерални ресурси, тогаш тие раководители на региони ќе превземат лична одговорност за сите неповолни последици во врска со зголемувањето на невработеноста и намалувањето на работните места„ – изјави премиерот. (ТАСС)