Според оценката на менаџерите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2017 година е за 0,1 процентен поен понизок во однос на претходниот месец, а во однос на април 2016 година е зголемен за 2.6 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2017, во однос на март 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на претходниот месец.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2017 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на април 2016 година. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2017 година изнесува 64.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.8%, недоволната домашна побарувачка со 18.3%, недостигот на квалификувана работна сила со 16.4% и неизвесното економско опкружување со 12.4%.(Државен завод за статистика)