Според менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2017 година е за 0.4 процентни поени повисок во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2016 година е зголемен за 2 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2017, во однос на јуни 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени во однос на јуни 2017 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2017 година е поповолна во однос на претходниот месец, а е поповолна и во однос на јули 2016 година. Се очекува бројот на вработените да расте.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2017 година изнесува 65.3% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20.0%, недостигот на квалификувана работна сила со 19.2%, недоволната домашна побарувачка со 17.9% и неизвесното економско опкружување со 12.4%.(Државен завод за статистика)