Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2019 година е зголемен за 0.1 процентен поен во однос на септември 2019 година и изнесува 21.8, а во однос на октомври 2018 година е зголемен за 1.1 процентен поен.

 Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2019, во однос на септември 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година. Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2019 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на октомври 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2019 година изнесува 69.7 % од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 23.0 %, недоволната странска побарувачка со 17.5 %, недоволната домашна побарувачка со 14.7 % и неизвесното економско опкружување со 12.2 %. (Државен завод за статистика)