Обновувањето на „дружењето“ меѓу Русија и Турција им овозможи на двете земји да се вратат на прашањето на „Турски поток“, проект кој беше замрзнат заради ненадејното влошување на руско-турските односи, едновремено загрижувајќи ја Европа!
Официјалните лица на Европската Унија стравуваат дека Русија со помошта на тој гасовод, како прво, ќе ја намали улогата на Украина како транзитна земја за гас, а како второ, ќе ги направи неповолни алтернативните испораки на енергенси од Каспискиот регион, со што ќе се зголеми зависноста на Европа од „Газпром“
Обновата на „Турски тек“ ја загрижи Европската унија
Обновувањето на пријателството меѓу Турција и Русија може да биде проблем за Европа, ако руските власти сметаат дека Турција ќе ја замени Украина како транзитна земја за гас…Тоа има смисла за Турција, бидејќи ќе добие поефтин гас од Русија, ама за нас тоа ќе биде проблем, – изјавил неименуван чиновник на ЕУ за западните медиуми.
Западните експерти се обидоа да ги смират европските официјални лица со изјавите дека руско-турскиот сојуз е кревок, особено заради потресите предизвикани со обидот за преврат во Турција, ама и заради тоа што се уште не изминала година дена од моментот кога Турција го собори војниот авион СУ – 24 во Сирија.
Во време на нестабилност, ако сте при здрав ум, нема да почнувате големи инфраструктурни проекти, – изјавил Симон Таљпјетра, екцперт од бриселскиот аналитички центар.
Москва и Анкара се сега, според неговото мислење, повеќе заинтересирани за политички декларации, отколку за вистинско реализирање на проектите, пренесува “Бизнис инсајдер“.
Руските аналитичари, како што тврди „Спутњик“, сметаат дека загриженоста на Европјаните е „чудна“, особено заради нивната преголема желба на Украина да и го сочуваат статусот на транзитна земја за гас.За ЕУ, Украинае земја која треба да се подржува, но од руски агол Украина е извор на ризик за ЕУ и несигурен партнер.
Добра перспектива – Русија има енегенси, а Турција положба
Експертите потсетуваат дека обвинувањата дека Ррусија има намера да изгради други гасоводи -„Турски тек“, „Јужен тек“ и/или „Северн тек 2“ – само заради тоа да и наштети на Украина и да и го одземе статусот на транзитна земја се неосновани.Москва сака да обезбеди стабилна испорака на гас за Европа, а од друга страна Киев тоа го користи како средство за уцена.
Русите се веќе уморни од спорови и сталното натегање со Украина околу цената на гасот, начинот на плаќањето, натрупаните долгови, кражбите на „синото гориво“ наменето за европските потрошувачи и од постојаните закани на Киев дека повторно ќе ги затвори „славинити“.Затоа Москва сака од 2019 година, кога истекнува гасниот договор меѓу Русија и Украина, да ги избегне сите тие ризици и да овозможи редовна, стабилна и сигурна испорака на „ синото гориво“ на Европа, додава „Спутњик“.
Освен тоа, според рускиот медиум, уште пред петнаесетина година Русија, ЕУ и Украина констатираа дека гасоводот, изграден уште во времето на советската ера, е застарен и требаше да потпишат договор за обновување на гасоводните цевки низ Украина.Меѓутоа, до реализацијата на тој план никогаш не дојде.
Европа сега треба да одлучи дали ќе дозволи нејзините граѓани да се смрзнуваат, како што тоа беше случај во 2009 година кога Украина сред зима ги затвори вентилите, или ќе ја подржи Русија во нејзината намера да изгради нов гасовод и да ја заобиколи Украина со која имаше горко искуство.
Од друга страна, експертите сметаат дека Европа нема причини за загриженост дека гасоводот ќе ја зајакне зависноста на Европа од Русија, бидејќи Русија секогаш на ЕУ и била сигурен партнер, кој ги почитува договорите и спогодбите.
Русија и Турција разгледуваат изградба на две линии на „Турски тек“
Во украинскиот „Нафтогас“, меѓутоа, се надеваат дека ЕУ, сепак, ќе ја блокира изградбата на гасоводот „Турски тек“
Доколку има политичка волја, ЕУ би можела да ја блокира изградбата на „Турски тек“.Ниту Русија, ниту Турција немаат технологија за изградба на гасовод по дното на море, а тоа го можат само странските компании.Според тоа, со силна желба на ЕУ и западните земји со метод на санкции тој проект може да биде запрен, но прашање е само дали има таква политичка волја, – вели Андреј Кобољев, шеф на „Нафтогас Украина“.
Тој објаснува дека таква технологија имаат само четри земји и дека проектот нема да биде реализиран доколку тие одбиат да учествуваат во него.Кобољев додава дека изградбата на „Турски тек“ носи одредени ризици за Украина, бидејќи тоа ќе доведе до намалување на транзитот на рускиот гас низ нејзината територија.
Турски тек“ подразбира изградба на гасовод кој би одел од Русија до Турција по дното на Црното море.Првично беше договорено вкупниот капацитет на „Турски тек“ да изнесува 64 милијарди кубни метра и да има четри крака, а потоа тој обем беше скусен.Меѓутоа, веќе не се зборува за четри цевки, туку само за две со кои би се задоволиле потребите на Турција и на дел од Европа.
Турција е заинтересирана гасот да го добие директно, без проаѓање низ други транзитни земји, и во рамките на тоа за „Турски тек“ е предвидена само една линија, што е минимум за турските потрошувачи.Линијата е од 15,75 милијарди кубни метра гас.Во принцип, ние сега разговараме за изградба на две линии.Другата линија е за европските потрошувачи, потрошувачите од југозападните европски земји, а таа исто така би можела да биде поставена по дното на Црното Море и да оди преку територијата на Турција“, истакнал Александар Новак, рускиот министер за енергетика, цитиран од „Спутњик“.