-Крим за неколку години може да стане еден вид на руски Монако, – истакнал на Меѓународниот економски форум во Јалта, Андреј Назаров, претседател на Форумот.

-Во Крим во текот на последните три години e создадеna поволна клима за инвестирање, како и слободна економска зона со единствени услови во Русија, – потсетил претседателот на управниот одбор на Меѓународниот економски форум во Јалта, Андреј Назаров.

-За неколку години ќе бидеме сведоци како на Крим се создаваат редови инвеститори, – додал тој.

Третиот Меѓународен економски форум во Јалта кој се одржа од 20 до 22 април, собра повеќе од две илјади учесници, меѓу нив 220 странци од 46 земји. На маргините на форумот беа потпишани над 30 договори со вкупна вредност од над сто милијарди рубли, наведува РИА Новости.