Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави јавниот повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.
За оваа наменаутврдени се средства  за претпријатија и невладини организации во износ од 30 милиони  денари кои ќе  користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.
На страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство можете да ги превземете Програмата за капиталните субвенции и образецот за поднесување на барањето (http://www.mzsv.gov.mk/?q=node/2275).