Владата на Република Македонија го именуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за копретседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Во фокусот на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка ќе бидат секторите земјоделство, енергетика, индустрија, трговија, транспорт, образование, наука, култура, туризам и воено-техничка соработка.
Целта на Комисијата е унапредување на трговско- економската и научно-техничката соработка меѓу двете земји.
Во рамки на Комисијата се формирани работни групи од секој сектор кои соработуваат и подготвуваат соодветни материјали за одржување на комисиските седници.
Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка беше во мирување изминатите три години поради политичката криза. Динамиката на одржување на седниците на Комисијата е еднаш годишно, а следната седница ќе биде одржана во Република Македонија во најбрз рок.( Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство)