Од Компанијaта информираа дека е извршена промена во називот на Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз с.Радово Босилово.
Промената се однесува на видот на субјектот.
Новиот назив е Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДООЕЛ увоз-извоз с.Радово Босилово.
Инаку, Млекара Здравје Радово, членка на Македонско-руската стопанска комора, започна со работа во с. Радово во почетокот на 2002 година, во еколошки чиста средина која го опфаќа пределот помеѓу планините Огражден и Беласица, на 10 км. оддалеченост од Струмица.
Во 2004 г. производството се прошири со нов производствен капацитет во Куманово, со што се продолжи со традицијата на педесет години постоење и производство на поранешен ЗИК Куманово.
2014 г. ја одбележа нова инвестиција. Во Р.Е. Куманово започна производството на млечни намази.
2015 г. го одбележа промовирањето на новиот сегмент на работењето – млечни десерти, од кој прв се појави традиционалниот производ сутлијаш.
2016 г. Отворена е новата фабрика во Битола.
Од почетокот до денес, забележлив е континуиран развој во производствената програма, раст на бројот на производи и бројот на вработени.Со постојана работа и воведување на нови производи, проширен е асортиманот кој на почетокот го сочинуваа само десетина производи. Денес целокупниот асортиман опфаќа над 60 производи. Развојот и успехот на Млекара Здравје Радово подразбира и зголемување на работниот кадар. Од почетните 8 вработени, денешната бројка изнесува 360. Почетниот капацитет на дневна обработка на млеко од 2 500 литри, денес е зголемен на над 120 000 литри.
Целокупната продажба и дистрибуција на производите се одвива во и од магацинот во Скопје, каде се наоѓа и дирекцијата на компанијата. Со дистрибуција се опфатени сите градови и населени места во Република Македонија. Истата се одвива со возила од сопствениот возен парк.