Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја подобри прогнозата за растот на економијата на Руската Федерација, пренесе ТАСС, повикувајќи се на свои добро информирани извори од Фондот.

Аналитичарите на ММФ веќе очекуваат бруто домашниот производ на Русија да порасне за 1,4% оваа година и за уште толку во 2018 година.

Прогнозата е содржана во новиот извештај на ММФ за состојбата и перспективите на светската економија, кој треба да биде претставен веднаш по Велигденските празници. При последното ажурирање на податоците на Фондот во јануари аналитичарите прогнозираа економски раст на Русија од 1,1% во 2017 година и 1,2% во 2018 година Овие прогнози беа оставени без измена до крајот на март.