Централната банка на Руската Федерација и Народната банка на Кина сакаат да создадат заедничка платформа која ќе ја соедини трговијата со злато во овие две земји

-Земјите од БРИКС имаат големи стопанства со големи резерви на злато и импресионирам сум од обемот на производството и потрошувачката на овој племенит метал.Во Кина, трговијата со злато се врши во Шангај, а во Русија во Москва.Нашата идеа е да создадеме врска помеѓу овие два града за да се зголеми трговијата меѓу двата пазара, – истакнува Сергеј Швецов, првиот заменик на гувернерот на Централната банка на Руската Федерација.

Кина е најголемиот светски производител на злато.Минатата година производството на злато во оваа земја изнесувало 490 тона. Руската Федерација е на третото место по големината со производството во износ од 295 тона.Заедно, овие две земји го држат четвртина од светското производство.

Истовремено, централните банки на Руската Федерација и на Кина се најголеми купувачи на злато.Од 2008 годинја златните резерви на Кина речиси трикратно се зголемени – од 600 на 1.762 тона.