Бројот на милијардери во Русија се зголеми од 99 на 101 во последните два месеци.
Нивното вкупно богатство се зголемило од 392 милијарди на 454 милијарди долари, објави „Forbes“.
Богатството на петте најбогати граѓани на Русија е зголемено за 22,6 милијарди долари, на 109,5 милијарди долари од 18 март кога започна пандемијата на коронавирусот, пишува
Кој руски милијардер го зголеми своето богатство за време на пандемијата:
-Владимир Потанин, сопственик на „Норилск Никел” – за 6,4 милијарди долари (до 26,1 милијарди долари);
-Вагит Алекперов, ко-сопственик на „Лукоил” – за 5,6 милијарди долари (до 20,8 милијарди долари);
-Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на „Новатек” – за 5,4 милијарди долари (до 22,5 милијарди американски долари);
-Владимир Лисин, ко-сопственик на „NLMK” – за 2,9 милијарди долари (до 21 милијарди долари),
-Алексеј Мордашов, претседател на „Северстал” – за 2,3 милијарди долари (до 19,1 милијарди долари).
За време на пандемијата, двајца Руси успеаја да влезат во кругот на милијардери – претседателот на бордот на директори на концернот „Розиум“, Роман Авдејев и шефот на групата за риболовната индустрија „Норебо”, Виталиј Орлов.( „Спутник“)