Со доаѓањето на есента се намалува бројот на руските туристи кои ја посетиле земјава.Во текот на октомври Државниот завод за статистика евиденирал 514 туристи кои престојувале во Република Македонија.Тоа не е ниту 1 отсто од вкупниот број гости кои статистиката ги има забележано во овој месец (0,9 отсто). Руските туристи и кусо се задржале при нивната посета во Република Македонија.Тие оствариле само 1.164 ноќевања што е 1 отсто од вкупниот број остварени ноќевања.
Меѓу странските туристи најбројни биле од Турција 5.843, 3.200 од Хрватска, над 3.000 се и странските туристи од Бугарија, Грција, Германија, Србија, како и од азиските земји.
Скопје бил најпосетен град во земјава од странски туристи во октомври годинава. Главниот град на земјава го посетиле 27.849 странски туристи со остварени 49.110 ноќевања.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика вкупниот број на туристите во октомври 2018 година изнесувал 83 303, а тие 182 557 ноќевања.
Бројот на туристите во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 7.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.1 %.
Бројот на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 13.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 4.4 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2018 година, во однос на октомври 2017 година, е зголемен за 11.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.1 %.
Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.1 %, а кај странските има зголемување за 12.5 %.
Во периодот јануари – октомври 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.9 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.2 %, а кај странските има зголемување за 15.8 %.