Клучното прашање на економската иднина на Руската Федерација, во услови на ниската цена на нафтата и со примена на западните санкции, е колку долго ќе можат дефицитите да ги покриваат со двата резервни фонда кои ги има државата. Тие два фонда се Резервниот и Фондот на национална благосостојба.

            Законскиот режим на полнењето и користењето на тие два фонда зависи од податоците дали цената на барел на руската нафта од типот „урал“ е преку 100 долари или под тоа.

            Според најновите податоци, во Резервниот фонд на Русија на 1 април годинава „лежеле“ 50,60 милијарди долари или 4,3 отсто од рускиот БДП.Тој фонд секако се празни, за што зборуваат податоците дека на 1 април 2014 година во него имало 87,46 милијарди долари, а на 1 април 2015 година нешто од над 10 милијарди долари помалку – 76,70 милијарди долари.

            Во Фондот за национално богатство на 1 април оваа година имало 73,16 милијарди долари или 6,3 отсто од рускиот БДП.И тој фонд се празни: пред две години во него имало 87,50 милијарди долари, а на 1 април 2015 година 74,35 милијарди долари.

            Девизните резерви на централната банка на Руската федерација на 31 март 2016 година изнесувале 387 милијарди долари. Една година пред тоа девизните резерви на земјата изнесувале 356,3 милијарди долари.

            Сериозни аналитичари проценуваат дека Руската Федерација најмалку до крајот на 2017 година нема да има проблеми со сервисирањето на своите обврски.