Во земјава има вкупно 7.430 слободни работни места. Од нив најголем број 2.944 се во услужни дејности и продажба. Во преработувачката индустрија има слободни 1.971, во трговијата 1.446 и  во објекти за сместување и сервисни дејности со храна 979.

Во второто тримесечје од годинава, стапката на слободни работни места изнесува 1,44 отсто. Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,13 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,24 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места од 1,92 отство има кај деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49.

Најмногу слабодни работни места има во Скопскиот регион 3.552, а стапката на слободни работни места е највисока во југозападниот регион и изнесува 3,19 отсто. (Државен завод за статистика)