Руската Федерација му дала „зелено светло“ на германскиот производител на млечни производи ДМК Дојчес Милконтору за купување на неколку руски компании за производство на сирења.
Антимонополската агенција на Руската федерација го прифати барањето на ДМК за купување на фабриката „Бобровски“ за производство на сирења, погоните за преработка на млеко „Чизарт“ и „Фламанфрахт“, како и неколку други капацитети за производодство на сирења, – пишува рускиот дневен весник „Ведомости“.
Германската компанија, спорет пишувањето на рускиот „Комерсант“, сака да ги купи производителите на млечни производи заради ембаргото на Москва за увоз на храна од Запад, а кое Русија го воведе како контра мерка на европските и емериканските санкции кон Москва заради украинската криза.
Руското ембарго, кое европските добавувачи ги спречува да извезуваат во Русија, ги принудува да пронаогаат нови начини за вракање на големиот руски пазар, пренесува „Ведомости“. Преземањето на руски компании е еден од таквите обиди ѕа посредно вракање на овој пазар.
На германците, очигледно, им е доста од санкции, па затоа сами одат во Русија.