Големи инвестициски договори во вредност од повеќе од 14 милијарди евра, беа потпишани уште на почетокот (2.9.2016 година) на големиот Источен економскиот форум кој се одржа во Владивосток, во Руската Федерација.
На средбата на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин со инвеститорите, беше расправано за условите кои се создадени во Далечниот Исток на Русија во изминатите две години како во однос на странските, така и за руските претприемачи, а пред се, за териториите со забрзан развој . Стана збор и за проектот “Слободно пристаниште Владивосток”, во кој учествуваат 60-тина компании. Учесниците во проектот изнесоа нови предлози како, на пример, да се поедностави постапката за распределба на земјиште на заинтересирани инвеститори.
На претседателот на Русија му беше поставено прашањето кога ќе биде завршена програма за гасификација на југот на Приморјето.
-Уште од советското време овде никогаш не се занимавале со гасификацијата. Тој проблем не може да биде брзо решен, но постои решение. Тоа е програма за поврзување на гасоводот со Сахалин. Постои план и тој е понуден на Приморскиот појас, – изјавил Владимир Путин.   На рускиот претседател му беше презентирана и изложбата на која беа претставени териториите со забрзан развој. Овластениот претставник на претседателот на Далекуисточниот федерален регион, Јуриј Трутнев го потсети шефот на државата дека е создадена руско-кинеска фондацијата за агро-индустрискиот развој на Далечниот Исток. Во фондацијата 90 отсто од капиталот е кинески, а 10 отсто руски. Инаку, кинеската делегација беше најбројна на форумот.
За привлекувањето странски инвестиции, а пред се Кинески, на форумот многу се зборуваше, но Владата на Русија уверува дека рускиот пазар на труд нема да има штета од тоа.
-Кинезите истакнаа дека се одлични бенефициите кои им се нудат за инвестирање и за нив постои можност за заработка. Се надеваме дека тоа ќе доведе до изградба на нови претпријатија и формирање на услужниот сектор. Тоа ќе бидат заеднички претпријатија, а нашите и кинеските партнери разбираат дека ние многу сериозно ќе се однесуваме спрема пазарот на трудот, – истакнал Игор Шувалов.
Повеќето азиски бизнисмен учесници на форумот биле овде и минатата година. Тие велат дека веќе успеале да се запознаат со ситуацијата и дека сега е време да почнат да работат на вистински проекти. На островот Рускиј се собраа над три илјади учесници на форумот од 35 земји. Тоа е една иппол пати повеќе од минатата година. Претставници на бизнис – заедниците има одлична можност да разговараат, како лично, во кулоарите, така и за време на пленарните седници.
Специјално за гостите на форумот на брегот на Далекоисточниот федерален универзитет беше отворена улица на Далечниот исток, каде што инвеститорите можат да научат многу повеќе за специфичностите на руските региони.