Туроператори го објаснуваат намалувањето на патувањата на Русите во странство со загубата на масовните дестинации Египет и Турција
Бројот на руските туристи кои патувале во странство во првото полугодие на 2016 година е намален за 28 отсто во споредба со истиот период од претходната година, изјави деновиве портпаролотот на Сојузот на руската туристичка индустрија (PCT, ) Ирина Торина.
Од јануари до јуни во странство патувале 3,97 милиони руси – помалку за 28 отсто.Ирина Торина го објаснува намалените патувања во странство на руските граѓани со загубата на масовните дестинации Египет и Турција. Другите земји со морски летувалишта не успеале да се наметнат на над 1 милион руски туристи кои не успеале да најдат замена за двете изгубени дестинации. За разлика од таквата состоја со патувањето на русите во странство, некои од домашните туристички дестинации забележеле значителен пораст на домашни гости.
На прво место по раст на руски туристи во првите шест месеци од годинава се Тунис (600%) и Јордан (544%). Со позначително вложување во рекламна кампања раст бележо и Мароко (речиси 300%), Доминиканската Република (167%) и Грузија (118%).
Во Топ-10 на најпосетените земји од руси се забележува сериозна промена. Во моментов најпопуларните дестинации се Тајланд, Шпанија, Кина, Кипар, Германија, Италија и Грција.
Во јули бугарскиот министер за туризам, Николина Ангелкова, изјави дека за 20 до 30 отсто е зголемен бројот на руските туристи на бугарските плажи.