Индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 106.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст од 0.2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.2%, Капитални производи
за 18.0%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.1%.(Државен завод за статистика)