Русија има потреба од подобрување на инвестициската клима, диверзификација на зависната на економијата од нафтата и стимулирање на растот на производството, доколку сака да ги стигне светските економии, и препорачува Светска банка на земјата во својот најнов извештај.
Светската банка ги советува руските власти како да ги надминат постојните економски и финансиски пречки за постигнување на подобри резултати во иднина.
-За да се ожнеат плодови на многу активност.и коишто ќе бидат видливи на среднорочен и долгорочен план, потребно е сега да се започне, – советува меѓународната финансиска институција
По една деценија на силен раст, придвижуван од високата цена на нафтата, конкурентноста на Русија сега се влошува. Во 2016 година руската економија бележи намалување за 0,5-0,6 отсто, по падот од 3,7% во 2015 година.
На среден рок, растот на економијата е 1 до 2% годишно, што е под прогнозираното средно ниво од 2,7% за 2017 година и далеку помалку од 7 проценти годишен раст на руската економија во првите години на 21 век.
Заедно со зголемената ранливост на Русија од шокови во областа на трговијата, ова го покренува прашањето за способноста на земјата да го задржи социјалниот и економски напредок по доаѓањето на власт на рускиот претседател Владимир Путин.
-Последнава криза ја откри ранливоста на руската економија и покрена прашања за одржливоста на растот, – наведува Светската банка во документот.
Бидејќи цената на нафтата, еден од клучните производи на рускиот извоз, се намали, а Западот наметна економски и финансиски санкции против Москва по анексијата на Крим од Украина, за руските власти ќе биде се потешко да најдат баланс помеѓу социјалните обврски и фискалната отпорност.
За да се движи напред и да ја стимулира инвестициската активност, Русија има потреба од подобра инфраструктура и регулација, тврди финансиската институција.
Според Светската банка, за да се привлечат инвеститори, особено во контекст на економските санкции, инвестициските услови треба значително да се подобрат.