Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2018 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на мај 2018 година и изнесува 19.8, а во однос на јуни 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2018, во однос на мај 2018 година, е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67.8% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22.7%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, недоволната странска побарувачка со 17.5% и неизвесното економско опкружување со 10.4%.