Вицепремиерот за
борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо
Николовски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна
Македонија, Н.Е. Сергеј
Баздникин.
-На средбата
со амбасадорот Баздникин разговаравме за мојата улога како ко-претседател на
македонскиот дел од Меѓувладината Комисија за трговско-економска и
научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската
Федерација, – истакна Николовски.
Потврдена е заложбата за унапредување на економската
соработка меѓу двете земји и искористување на потенцијалот во повеќе области
кои се од взаемен интерес.
– Разговаравме
за обезбедување позитивна бизнис клима за руските инвеститори во државата,
актуелна соработка, како и за изнаоѓање нови механизми за искористување на
потенцијалот за соработка меѓу бизнис субјектите од двете земји, – посочи Николовски.