Претседателот на Русија, Владимир Путин ги потпиша измените на федералниот буџет за 2017 година, – објавено е на официјалната веб-страницата на Кремљ. Измените ќе го намалат буџетскиот дефицит на 2,1% од БДП, во споредба со претходно планираните 3,2% од БДП.
Измените се прифатени од страна на руската Дума на 21 јуни и одобрени од страна на Советот на Федерацијата на 28 јуни. Планираните расходи на државната каса се зголемени за 362 милијарди рубли, односно на 16,603 трилиони рубљи, а очекуваниот приход – за 1.91 трилиони рубљи односно на 14,679 трилиони рубљи. Соодветно на тоа, дефицитот ќе се намали за 829 милијарди рубли – на 1,924 трилиони рубљи.
Прогнозата на просечна годишна цена на нафтата е зголемена од 40 долари за барел на 45,6 долари за барел.
Законот исто така предвидува годишна стапка на инфлација за 2017 година на ниво од 3,8%, наместо од 4% колку што се предвидуваше во претходната измена.
Во документот се предвидува зголемување на големината на Резервниот фонд за 6,453 трилиони рубљи од претходно планираните 6,074 трилиони рубљи. Со измените на Законот, меѓу другото, се предвидуваат и додатни потикнувања на земјоделската индустрија во износ од 10 милијарди рубли, докапитализација на Росселхозбанката со 25 милијарди рубли, зголемување на номиналата вредност на државните компании за лизинг со транспортни средства во износ од 5,3 милијарди рубли со цел да се обнови авио – паркот на руските авиопревозници.