Профитниот центар Фармација во „Алкалоид“ АД Скопје, членка на Македонска – руска стопанска комора, за прв пат се стекна со сертификатот ЕC за сообразност со Европската директива за медицински средства 93/42/EEC (согласно со Анекс II) за производите ПРОКУЛИН СОЛЗИ (PROCULIN® TEARS) и ПРОКУЛИН СОЛЗИ АДВАНС (PROCULIN® TEARS ADVANCE) од линијата за комплетна нега на очите. Ова е чекор напред кон создавањето цврсти основи за освојување нови европски пазари.
Сертификатот го издаде реномираното нотификациско тело Сертиквалити (Certiquality S.r.l.) од Италија.
Добиениот сертификат ЕC е уште една потврда за посветеноста на „Алкалоид“ АД Скопје кон перманентниот развој, следењето на меѓународните трендови и за исполнувањето на строгите регулаторни барања, кои се клучни за добивање квалитетни, безбедни и ефикасни медицински средства.(„Алкалоид“)