Првите испитувања на беспилотни втомобили се планира да бидат спроведени на трасата „Москва-Санкт Петербург“ во 2020 година изградба ќе ги врши државната компанија „Автодор“, соопштува информативната агенција „Москва“.
Според изјавата на претставникот на компанијата Сергеј Кељбах, за изградба на такви патишта е неопходно да се запазат голем број на специјални норми, вклучувајќи и високотехнолошки решенија. Исто така, еден од условите треба да биде и отсуството на крстопати на таквите патишта.
„Врската „пат-автомобил“ и „автообил-пат“ треба да обезбедуваат максимална безбедност за учесниците во сообраќајот“, изјави Кељбах.
Во моментов во таквите нормативи спаѓаат патиштата од прва категорија.
Првите испитувања на беспилотни втомобили се планира да бидат спроведени на трасата „Москва-Санкт Петербург“ во 2020 година. На патиштата се планира да бидат тестирани беспилотни камиони од руско производство, пренесува auto.yuga.ru
На Светското фудбалско првенство 2018 година што ќе се одржи во Русија, пак, ќе се користат пробни модели на патнички електрични автобуси без возач, проектирани од страна на стручњаците на научноистражувачкиот инженерски институт „НАМИ“ во соработка со компанијата „КамАЗ“. Ова на неодамнешниот саем „Иннопром“ во Екатеринбург го соопшти заменик-генералниот дирекотр на „НАМИ“ Алексеј Гогенко.
„На саемот „Иннопром“ во јули презентираме пробен модел на електроавтобус. Во тек е фазата на тестирање на возилото во фабриката, работиме на алгоритам кој треба да обезбеди овие беспилотни возила да бидат безбедни за транспорт на луѓе. Научноистражувачката инженерска компанија одговара за дизајнот и развојот, а КамАЗ за призводството“, изјави Гогенко.
Според него, главната цел на проектот е превоз на навивачи, туристи, работници во претпријатија и канцелариски центри.
„Следната фаза е создавање на неколку прототипови кои треба да бидат користени на Светското првенство во фудбал. Тоа ќе бидат унапредени модели“, изјави Гогенко.
Компанијата „КамАз“ заедно со „НАМИ“ планира да почне сериско производство на беспилотни автобуси. Тие имаат електромотор, максималната брзина им е 60 километри на час. Можат автоматски да се движат по патишта на кои има сообраќајна сигнализација.