Руската автомобилска индустрија и производството на камиони „вози“ во „шеста брзина“ и го интензивира растот преку постојано подобрување на карактеристиките на возилата.Еве три нови достигнување на овој сектор од руската економија.
На изложбата „Комтранс-2017“е претставен новиот КамАЗ-54901. Што се крие во неговата кабина?
Главните достигнувања на новото возило се подобрената ергономија, современите агрегати, футуристичкиот дизајн.
Кабината К5 заслужува посебно внимание, пренесуваат медиумите. Од подот до плафонот има 1,98 м, во ширина 2,27 м. Направено е сѐ што е можно за покомотно возење. Покрај удобниот панел, има две места за спиење, сензорски екран од 20 инчи.
Машината има мотор Р6 од нов тип, шасија од лесен и поиздржлив челик и поголем капацитет на резервоарот (еден од 700 литри или два резервоара од 1200 литри).
Познатиот Руски теренец „Лада Нива“ е подготвен за „хардкор” услови и го лансира Bronto.
Од обичниот модел 4×4, порано познат како „Лада Нива“, специјалната верзија се разликува по поголемите тркала, самоблокирачкиот диференцијален преносник, зајакнатиот заден мост, зајакнати предни пружини, како и по новите амортизери. Освен тоа, растојанието меѓу најниската точка на возилото од тлото (клиренс) кај новиот теренец е поголема за 35 милиметри.
Во пакетот стандардна опрема Bronto има систем против блокирање на сопирачките ABS, клима-уред, греење на предните седишта, ретровизори са електрично прилагодување, носачи на покривот и експедициски багажник. По избор може да се добие зајакната заштита на куќиштето на моторот и разводната кутија, подвижен вртел, магленки и дополнителни светла за попречните носачи на покривот.
Цената на ваквото возило Lada 4×4 Bronto се движи од 656 илјади рубли (околу 9640 евра), а со максималната опрема изнесува 720 илјади рубли (околу 10580 евра). За споредба, најниската цена на обичната верзија Lada 4×4 е 508 илјади рубли (околу 7460 евра).
Кога сме веќе кај Lada, моделот на оваа компанија Lada Largus ќе биде вториот сериски модел на фабриката АвтоВАЗ кој покрај бензин ќе може да оди и на гас.
Lada Largus ќе се појави во продажба во 2018 година. Ова производителот го соопшти на конференцијата за новинарите во Казањ, соопштува „Авторевју“.
Со преуредување на автомобилот Largus ќе се занимава Групата компании АТС, која го прави седанот LadaVesta со мотори на бензин и метан. На конференцијата беше прикажан прототип на моделот Largus прилагоден да работи на гас кој го користи споменатата компанија. Во неговиот багажник е поставен резервоарот за гас веднаш зад задното седиште и е покриен со пластична заштита.
Mоторот Renault К4М е опремен со уредот за гас OMVL Gemini од италијанско производство.
Покрај караванот со пет седишта, на метан ќе премине и фургонот на Largus. Почетокот на производството и продажбата се очекуваат во вториот квартал на 2018 година.
Lada Vesta на гас веќе се продава по почетна цена од 600900 рубли (повеќе од 8800 евра), со мотор од 1,6 кубици и механички менувач. Резервоарот за гас од 90 литри се наоѓа во багажникот. Автомобилот со полн резервоар може да помине повеќе од 1000 км, пишува порталот „Автовести“.