И официјално е воспоставена директна авионска линија од Москва до Скопје и обратно. На 4 јуни во поладневниоте часови на скопскиот аеродром  слета авионот типот Боинг 737-800 на компанијата „Нордвинд“ и со тоа е после цели две децении повторно е воспоставена директна авионска линија меѓу Република С. Македонија и Руската Федерација.

Првиот лет траеше 2 часа и 25 минути. Авионот кој сообраќа на оваа релација е со капацитет од 189 седишта. Засега ќе има еден лет неделно – секој петок, а според најавите планирано е да се отворат уште два дополнителни лета со што неделно на релација Москва-Скопје и обратно ќе има по три линии.

-Со Оваа авиолинија ги обновуваме можностите за унапредување на соработката во економијата, инвестициите, туризмот и културните врски меѓу двете земји, – оцени Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски во македонската Влада по слетувањето на авионот.

Директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак, исто така изрази задоволство што по 20-годишна пауза повторно се воспоставува лет на оваа релација и оцени дека влегувањето на „Нордвид“ на македонскиот пазар е сигнал дека доаѓаат подобри денови.

На отворањето на новата авиолинија присуствуваше и рускиот амбасадор во земјава, Н. Е. Сергеј Баздникин, кој очекува оваа линија да биде од корист и за Русите и за Македонците.

-Потребата за директна линија се чувствува подолго време –  како за обезбедување удобни услови за пристигнување на руски туристи, така и за културни размени, деловни врски и приватни патувања. Се разбира и персоналот на руската амбасадата е задоволен што има можност директно да дојде до Москва. Што се однесува до Македонците кои би сакале да ја посетата Русија за туризам, студии или работа се надеваме дека ограничувањата заради пандемијата ќе бидат укинати во блиска иднина и ќе можат да го користат овој лет, – истакна Сергеј Баздникин.

Глеб Богданов, претставникот на „Нордвинд“ напомена дека има голем интерес за новата директна линија Скопје-Москва, а дополнително атрактивен го прави овој лет, како што додаде, е тоа што во земјава не се потребни визи за руските граѓани.

Во своето обраќање министерот Благој Бочварски најави дека многу скоро и авиокомпанијата „Визер“ повторно ќе почне со поврзување на дестинациите кои беа прекинати поради пандемијата со ковид-19.Според него, најавени се летовите до Барселона, Малта, Ларнака, Париз, Осло, Милано, Тревизо и Рим.

-Очекувам дека со постепеното олабавување на мерките од ковид-пандемијата како во земјава, така и во другите држави во кои имаме воспоставено летови, наскоро ќе го вратиме авиосообраќајот на ниво на кое беше изминатите години кога бележевме рекорден број превезени патници на домашните аеродроми, – додаде министерот.

Инаку, цените на билетите на летот до Москва е во согласност со современите тенденции. Така, за повратен билет со ознака премиум, која вклучува рачен багаж од 10 килограми, чекиран багаж од 20 килограми, избор на место за седење и храна изнесува помеѓу 280 и 300 евра. Во цената се вклучени сите аеродромски такси и останати трошоци.