Стратегија за развој на производство на машини за земјоделството до 2030 година усвои владата на Руската Федерација.
Една од целите на стратегијата е руските производители на земјоделска техника да постигнат не помалку од 80% удел на домашниот пазар, а извозот да е барем 50% од внатрешните испораки, е запишано во документот.
Друга цел е локалните производители да имаат еднакви конкурентски услови како и странските компании, да се создадат поволни услови за зголемување на извозот, да биде стимулиран растот на инвестициите во научно-истражувачки активности.
Се очекува и пораст на бројот на работници во секторот.
Во стратегијата се планира преориентирање на извозот кон пазарите на земјите од Заедницата на независни држави, Африка, Австралија, Кина и Северна Америка.