Министерство за финансии на Руската Федерација очекува 1 до 1,5 трилиони рубљи (13,3 до 20 милијарди евра) дополнителни приходи во федералниот буџет од приватизацијата на големи фирми во 2016 и 2017 година, соопшти РИА “Новости”, повикувајќи се на министерот за финансии, Антон Силуанов.
Станува збор за приватизацијата на нафтени компании “Роснефт” и “Башнефт”, на “Алроса” (екстракција на дијаманти) и најверојатно банката ВТБ. Според Силуанов, Влада на Руската Федерација веќе се согласила со предлогот на Министерството за финансии за приватизација на 10,9% од акциите на “Алроса” оваа година, а контролниот пакет требало да остане кај државата.
Русија продава 19.5% од „Роснефт“ за 8,5 милијарди евра. Договорот за продажба најверојатно ќе се случи во втората половина на 2016 година, изјави консултантската компанија ангажирана од руското правителство- компанијата White & Case. И ова го соопшти министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов на CNBC.
Тој ги оцени пакет акциите на 650 милијарди рубљи за продажба или околу 8,5 милијарди евра кај актуелниот курс на рубљата. Силуанов наведе дека парите ќе бидат искористени за финансирање на буџетскиот дефицит на земјата.
Според него, изнаоѓање на стратешки инвеститор е едната можност за трансакцијата.