Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, се потпиша во Книгата на жалост отворена во градот Скопје во врска со поплавата која на 6 август оваа година ги погоди македонската престолнина и нејзината околина.

“Во име на Руската Федерација изразувам длабоко сочувство во врска со големата елементарна непогода која на 6 август оваа година ги зафати градот Скопје и целиот скопски регион и во која загинаа 21 граѓанин на Република Македонија

Искрено жалам за повеќебројни човечки жртви. Во овие моменти на тага нашите мисли се со пријателскиот народ на Македонија. Замолуваме нашите зборови на сочувство и поддршка да им бидат пренесени на најблиските на загинатите и повредените во оваа страшна трагедија.

Министерството за вонредни состојби на Русија е потготвено бесплатно да обезбеди помош на руски спасувачи во отстранување на последиците од елементарната непогода што ја погоди Македонија”.