Бруто-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.7.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (16.6%), Стручни, научни и технички дејности (8.3%) и Рударство и вадење на камен (7.2%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (6.6%), Градежништво (3.8%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.7%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2017 изнесува 33 509 денари.
Во јуни 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.
Нето-плата по вработен
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Стручни, научни и технички дејности (9.8%) и Рударство и вадење на камен (7.4%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.5%), Градежништво (4.1%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017, изнесува 22 808 денари.
Во јуни 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.
(Државен завод за статистика)