Според податоците на Државниот завод за статистика,
индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во однос на претходниот
месец, изнесува 99.4, а индексот на цените на мало 98.6.
Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2019 година, во
споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук
освен компирот и другите коренести плодови за 3.9%, свежото и разладеното
овошје за 2.8%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.9%, другите
прехранбени производи за 1.7%, оризот за 0.8%, брашното и другите житарици за
0.5%, млекото, маслото и маснотиите за 0.3% и јајцата за 0.2%.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај
авионскиот превоз на патници за 20.2%, туристичките пакет-аранжмани за 10.5%,
услугите за сместување за 6.5%, гасот за домаќинствата за 2.3%, домашните
миленици и сродни производи за 1.2%, течните горива и мазива како дел од
опремата за сопствени сообраќајни средства, игрите, играчките и хобијата за
1.1%, цврстите горива за домаќинствата, опремата за спорт и кампирање во
природа за 0.9%, конфекцијата за 0.7%, дисковите, касетите, дискетите,
ЦД-ромовите, филмовите за 0.6%, средствата за чистење и одржување на станот,
другите печатени материјали за 0.5%, книгите за 0.4%, малите електрични апарати
за домаќинствата, другите лични предмети за 0.3%, текстилот за домаќинствата,
автомобилите, другите услуги неспомнати на друго место за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во
споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 1.3%,
свежата и ладена риба за 0.6%, другите пекарски производи за 0.5%, месото за
0.4% и јогуртот за 0.3%.
Во септември 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така
е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките
инструменти за 6.2%, информатичката опрема за 1.7%, другото образование за 1.4
%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, телефон и телефакс
опремата за 1.2%, течните горива за домаќинствата, велосипедите за 1.1%,
канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот и часовниците за 1.0
%, угостителските услуги за 0.5 % и опремата за прием, снимање и репродукција
на звук и слики за 0.3%.
Индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со
септември 2018 година, бележи пораст од 0.3 %, а индексот на цените на мало
бележи намалување од 0.7%.
Активности ОПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА МАЛО И ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ