Бројот на туристите кои во Република Македонија доаѓаат од Руската Федерација во ноември лани паднал под 1 отсто.Имено, во овој месец земјава ја посетиле само 265 руски граѓани, што е 0,8 отсто од вкупниот број на туристи што во овој период ја посетиле земјава.Руските туристи и кусо се задржале во Македонија бидејќи оствариле само 563 ноќевања, што е 0,8 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги оствариле странските туристи во земјава.
Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, вклупниот број на туристите во ноември 2017 година што пристигнале во Република Македонија изнесувал 50 869, а бројот на ноќевањата изнесувал 115 749. Најбројни биле туристите од Република Турција и од соседните земји.
Бројот на туристите во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 15.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.1%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.5%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, е зголемен за 0.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 35.9%.
Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.7%, а кај странските има зголемување за 23.5%.
Во периодот јануари-ноември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.6%, а кај странските има зголемување за 22.6%.(Државен завод за статистика)