Индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 94.9.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање од 0.9 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.1 %, Капитални производи за 2.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.1 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ мај 2020 година , во однос на периодот јануари ‒ мај 2019 година, изнесува 95.8.(Државен завод за статистика)