Стоковната размена на Република Македонија со Руската Федерација до крајот на март пораснала за 45,1 отсто.Во првото тромесечје годинава двете земји меѓусебно истргувале стока во вредност од 62,2 милиони долари, додека лани во истиот период разменат изнесувала 42,9 отсто.

Меѓутоа, она што е неповолно за Република Македонија е податокот дека во овој период земјава бележи висок скок на увозот и намалување на извозот.Македонските компании на рускиот пазар, имено, извезле стока за 9,7 милиони долари што е близу 1 милион долари помалку од истиот период лани (10,6 милиони доалри), што процентуално е намалување за 8,7 отсто.

Во овој период регистиран е висок пораст на извозот од дури 62,9 отсто.Република Македонија увезла стоки од Руската Федерација за 52,2 милиони долари, дури 20,3 милиони долари повеќе одклолку ланската година (32,2 милиони долари).Трговскиуот дефицит на македонска страна во овој период достигнал вредност од 42,8 милиони долари.

Инаку, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 1 202 883 илјади САД долари и бележи пораст од 10.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 1 655 213 илјади САД долари што е за 10.5% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-март 2017 година, изнесува 452 330 илјади САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-март 2017, изнесува 72.6%.

Обем на размената, I-III 2017 Покриеност на увозот со извоз
165 130 993 илјади денари 72.6 %
2 681 928 илјади евра 72.6 %
2 858 096 илјади САД долари 72.7 %

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-март 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.(С.П.)