Товарни возила од Русија, Кина и Монголија почнаа да се сообраќааат по новиот транспортен коридор од Азија во Европа, соопшти Министерството за транспорт на Руската Федерација.
– Од осумнаесетти август првите девет камиони од Русија, Монголија и Кина свечено го отворија новиот транспортен коридор од Азија во Европа. Од пристанишниот град Тјанцин преку монголски главниот град Улан Батор возила доаѓаат во Улан Уде, главниот град на Република Буратија, симболизирајќи го отворањето на товарниот транзитен сообраќај од Кина во Русија преку Монголија, – се вели во соопштението.
Функционирањето на новиот транспортен коридорот, по кој ќе поминуваат колони возила, првенствено ќе овозможи да се зголеми соработката меѓу Москва, Пекинг и Улан Батор. Но, тој ќе помогне и во развојот на транспортната инфраструктура на три земји, придвижување и зголемен раст на производството, зголемување на инвестициите и трговијата, интензивирање на културната размена и ќе овозможи заедничка координација во областа на заштитата на животната средина.
Економскиот коридор е голем заеднички проект за развој, кој ги вклучува монголскиот Степски пат, кинескиот Пат на свилата и руската развоја програма на Трансевроазиските региони.