Индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84.9.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 14.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 22.0 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 24.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.7 %, Капитални производи за 22.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 41.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.2 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 85.4.(Државен завод за статистика)