„Чоко Стоби флипс“, „Стоби Флипс“, „Атлантис“, „Деспина“ и останатите производи на ПИ „Витаминка“ од Прилеп, членка на Македонска-руска стопанска комора, беа претставени на саемот „Интерфуд“, во Софија, Република Бугарија. „Витаминка“ на овој саем изложува традиционално. Изложувањето на „Интерфуд 2016“ е уште едно успешно претставување на целосниот асортиман на компанијата, пред странски потрошувачи и потенцијални партнери.

„Интерфуд“ е најголемата манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и еден од најпрестижните настани во секторот од Југоисточна Европа.
-Овој саем е еден од позначајните во нашето окружување, а со самиот факт што производите на Витаминка се присутни и во соседна Бугарија, многу беше важно, не само да бидеме присутни на саемот, туку и добро да се претставиме. Имавме одлична промоција, голем број од посетителите реагираа уште на нашето лого и ги бараа нашите производи, што говори за тоа дека добро се запознаени со целиот наш асортиман, а исто така воспоставивме и многу нови контакти и релации, – изјави Љупчо Велески, директор на извозниот сектор во „Витаминка“.
Учеството на саемот „Интерфуд“ бележи растечки тренд секоја година, така што покрај традиционалните изложувачи, со сопствените новитети, се почесто тука се и новите играчи на пазарот. Второто значење на овој саем е тоа што има зголемено меѓународно присуство на настанот и овозможуваат создавање на деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. Самиот саем организира и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.