БРУТО – ПЛАТА
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 103.3
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (11.2 %), Рударство и вадење на камен (9.3 %) и Информации и комуникации (6.8 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.4 %), Информации и комуникации (16.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (11.2 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2019 изнесува 36 386 денари.
НЕТО – ПЛАТА
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, изнесува 102.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (9.6 %), Рударство и вадење на камен (8.3 %) и Образование (5.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (21.4 %), Информации и комуникации (19.8 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (14.3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2019 година, изнесува 24 517 денари.(Државен завод за статистика)