Од 2 до 5 јуни во Санкт Петенбург, во Руската Федерација, ќе се одржи 24-от Санктпетербуршки меѓународен економски форум (ПМЕФ 2021).Настанот ќе се  одвива во „хибриден“ формат – предвидена е можноста за лично присуство на делегати или учество на сесии и тркалезни маси преку Интернет.

            Мотото на ПМЕФ 2021 е „Повторно заедно – економија на нова реалност“.Одделните теми ќе бидат: изгледите за развој на светската  економија во постпандемиската ера, вкључувајќи мерки насочени кон надминување на последиците од пандемијата, решавање на глобалните социјални проблеми, технолошки можности за водење на бизнис, земајќи ги предвид процесите на дигитализација и иновативен развој, достапност, сигурност и фер дистрибуција на лекарства…

            Со оглед на актуелноста на темата, ги повикуваме членките на Македонско-руската стопанска комора, како и  претставниците на останата деловна заедница да се пријават за учество на овој економски форум. Пријавувањето може да го направат електронски на е-маил адресата: marukomk@gmail.mk   или на мобилен телефон 070/302-950.