Граѓанското здружение за социјални иновации „АРНО“ и оваа година го објави конкурсот за поддршка на зелени бизнис идеи кои се иновативни, поттикнувааат развој на екологијата, промовираат традиционална изработка на производи и користат ресурси од локалната заедница. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk, рокот за аплицирање е до 20 јуни, 2018 година.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и зелени, одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора , Србија и Босна и Херцеговина. Оваа година Македонија е домаќин на регионалниот натрпевар каде победниците на националните конкурси, по тројца од секоја земја, се натпреваруваат за награда од 10.000 долари за реализација на идејата во своите земји. Минатата година Македонија имаше дури два победника: Еко-магионичарот Кристиан Шопов познат со неговата моментална иницијатива „Хокус Покус-рециклирањето е во фокус“ и стартапот„ Храна за сите“ кој нуди онлајн продажба и донација на непордадена храна од угостителските објекти. Деталите за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 077 855 832 или на e-mail arno.mkd@gmail.com
Здружението за социјални иновации „АРНО“, четврта година по ред, го администрира националниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ и се гордее на македонските победнички идеи: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015 година) ,инцијативата за репарирање на стар мебел која прерасна во мал бизнис воден од архитектката Марта Мојсова – „СПИН“ (2016 година) и минатогодшините иницијативи кои оддекнаа во јавноста: еко-илузиите на магионичарот Кристиан Шопов, и стартапот на Јане Заевски и тимот кој ја основа платфромата „Храна за сите“ преку која угоститески објекти продаваат и донираат таканеречена “last minute“ храна. Натпреварот функционира преку поставени и проверени критериуми и процеси кои обезбедуваат транспарентен избор на победнички идеи во сите земји. Употребата на локалното знаење, вештини и локални ресурси се дел од насоките за сите апликанти. Никаква употреба на фосилно гориво, намалување на штетите врз природата, нови вработувања, вистинска самоодржливост и оригиналност се дел од критериумите за оценување.
 -Има прекрасни идеи во Македонија, и убедени сме дека многу од нив заслужуваат поддршка. Ние имаме историја на социјално прептримеништво,како народ со ваква исотрија и контекст ние знаеме да балансираме помеѓу комерцијалното и социјалното, помеѓу профитот и бенефитот за пошироката заедница. Ова е обид дополнително да ги инспирираме луѓето и за зелена економија, за бизнисите кои ќе покажат дека може и да и помогнеме, а не одмогнеме на природата,  – вели Ирина Јаневска, координатор на проектот.
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:
  • Проектот/идејата е во рана фаза на развој
  • Проектот/идејата користи знаење од луѓето во локалната заедница, нивните традиционални вештини и цели кон вработување на луѓе од заедницата, и користи локални.
  • Има детален план или визија за одржливост на животната средина
  • Има план или идеја за постепен развој на бизнисот и економска оправданост
  • Го има проценето локалниот пазар – ги познава конкуретните и компаративните предности
  • Идејата го поддржува процесот на ревитализација на традиционалните локални бизниси и поврзувањето на луѓето со заедницатa
  • Идејата е иновативна и уникатна во споредба со другите бизниси и проекти во заедницата
  • Идејата нема добиено парична поддршка од владините институции на локално и централнo ниво или од меѓународни донаторски агенции, фондации и приватни донатори
  • Дополнително, се поттикнуваат апликантите да поднесат зелени идеи/проекти кои ќе дадат придонес кон развојот на локалната економија, кои ќе имаат долгорочно општествено влијание и ќе предложат користење на чиста енергија во нивниот предложен процес/технологија на изработка/производтво.
  • На конкурсот можат да учествуваат индивидуалци, социјални претприемачи, граѓански организации и мали приватни компании (со годишен обрт не поголем од 10.000 евра).
  • На конкурсот не можат да учествуваат индивидуалци и/или организации кои се членови на семејствата и/или блиски роднини на вработените во АРНО; индивидуалци или организации кои се дел од националното жири и/или нивни роднини; јавни претпријатија.