Министерството за економски развој на Русија очекува дека просечната цена на нафтата од типот Urals во 2017 година да биде на нивото од 49 долари за барел, а следната година да падне на 43,8 долари. Оваа проценка ја објави  агенцијата Ројтерс врз основа на материјали на руското Министерство.
Во контекст на ревидираната прогноза на цената на нафтата, Министерството за економски развој исто така ги подобри прогнозите за раст на бруто-домашниот производ на Руската Федерација на 2,1% за 2017 и 2018, 2,2% за 2019 година и 2,3% за 2020 година, наведува агенцијата.
Покрај тоа, руското министерство предвидува дека во 2017 година курсот на доларот ќе изнесува 59,7 рубли и дека до 2020 година ќе достигне 68 рубли.
Претходно беше предвидено дека цената на нафтата ќе изнесува 45,6 долари за барел во 2017 година и 40,8 долари во 2018 година.Просечниот курс на рубљата спрема доларот во оваа година, според претходните предвидувања на Министерството, требаше да изнесува 64,2 рубли, а во 2020 година 72,7 рубли, наведува агенцијата.Овие проценки треба да ги имаат предвид македонските компании кои имаат бизниси со Руската федерација.